дома Живот Социјална политика Во новата година имаме 249 работни дена и 16 празници

Во новата година имаме 249 работни дена и 16 празници

291

2020 година е при крај и сигурно работните луѓе веќе се прашуваат колку и како ќе одмораат во 2021 година.

Работните денови следната година ќе бидат вкупно 249. Најмногу ќе одмориме во јануари и во мај. Најмногу ќе работиме во март, јули и ноември, кога имаме по 22 работни дена месечно.

1 јануари традиционално е неработен, што во 2021 година паѓа во петок, а неработни денови се и 6 јануари за сите граѓани, додека граѓаните од православна исповед ќе празнуваат уште два дена, односно на 7 и 19 јануари.

Во март нема празници, а крајот на април завршува со велигденските празници, односно 30 април е Велики петок, по што ќе одмораме до 3 мај. Во мај следат уште два празника, а тоа е 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам и  24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, кој е продолжен викенд.

За граѓаните од православна вероисповед во јуни ќе имаат продолжен викенд на 18 јуни (петок), кога се празнува ден пре Духовден, а до крајот на годината ќе имаме уште два продолжени викенди, и тоа за Денот на Републиката, 2 август кој оваа година се паѓа во понеделник и за 11 октомври, Денот на народното востание, кои исто така се паѓа во понеделник.

Во септември Денот на независноста, 8 септмеври ќе го чествуваме во среда, како и 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”, додека Денот на Македонската Револуционерна Борба, 23 октомври се паѓа во сабота.

Што се однесува до верските празници, граѓаните од православна вероисповед имаат уште еден празник, 28 август кој се паѓа во сабота, додека граѓаните од другите

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 05 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци и 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед неработни се 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, додека за граѓаните припадници на албанската заедница неработен е 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука.

Н.Д.