Зебра од Националниот парк Цаво Ист, избегала и со недели живеела меѓу останатиот див свет во околината. Откако локалните медиуми дознале за настанот, тим експерти го однеле животното во друга заштитена област, националниот парк Чулу.

Во меѓувреме експерти за заштита на природата од Шелдрик Вајлдлајф Траст редовно ја набљудувале зебрата со цел да видат дали животното ќе се навикне на новото опкружување.

“Пред неколку недели покрај зебрата забележано е младенче со изразито кафеава боја” – извести организацијата преку својата веб страна.

На почетокот сметале дека бојата на младенчето се должи на калта од блиската бара, но понатамошните набљудувања покажале дека кафеавото младенче со зебрасти нозе всушност претставува микс помеѓу магаре и зебра.

Од организацијата Шелдрик Вајлдлајф Траст претпоставуваат дека зебрата се спарила со магарето во периодот додека била во бегство, иако тоа сеуште останува нејасно.

Младенчето нема да биде во можност понатаму да се размножува, бидејќи е неплодно. А.Р.