Со зголемување на бројот на новозаразени во Ресен, какошто дознава ТЕХТ.МК се затвораат текстилните погони. Информациите кои доаѓаат од Преспа се дека во Ресен на една недела ке бидат затворени погоните на Преспатекс, а на две недели е затворен и погонот во селото Стење.

Граѓаните се вознемирени од бројките кои говорат дека во градот кој брои околу 6 илјади жители (заедно со околните села) веќе има 18 активни случаи на КОВИД-19. Дел од граѓаните бараат градот да се стави во карантин и да се направи скрининг на населението, бидејќи како што кажуваат до пред некој ден ниту еден Преспанец не бил тестиран на вирусот, а за 4 дена веќе имаат 18 заболени и еден починат. Исто така загрижува информацијата што речиси сите заболени се од различни кластери и сите имале контакти со голем број на луѓе.

Н.Д.