Соединетите држави регистрирале 1.200 смртни случаи на коронавирус во изминатите 24 часа. За прв пат од 10 јуни, бројот на починати надмина 1.000. Властите во некои држави престанаа да ги олеснуваат мерките за борба против пандемијата поради ширењето на инфекцијата.

И Њујорк ги става жителите на уште осум држави под задолжителен 14-дневен карантин при влез во државата. Така, мерката сега ќе се однесува на посетителите од 16 држави или скоро половина од населението во САД.

Повеќе од 50.000 нови случаи на коронавирус се идентификувани во последните 24 часа во САД. Ова е најголемото дневно зголемување од почетокот на пандемијата.

Во последната недела, инциденцата на КОВИД-19 стабилно расте. Повеќето се во Аризона, Калифорнија, Флорида и Тексас. Вкупно 14 држави пријавија двојно зголемување во јуни.

Во меѓувреме, Доналд Трамп, кој ретко се појавува со маска, рече дека ќе носи.

„Јас целосно ги поддржувам маските. Мислам дека тие вршат работа. Ке ги носам кога сум во непосредна близина со други лица. Сите ме видоа како носам маска! Сепак верувам дека ќе се ослободиме од коронавирусот. Мислам дека во одреден момент тој само ќе исчезне. Се надевам дека ке биде така “, рече тој.

Ал.Н.