дома Живот Животна средина Во светот има повеќе паметни телефони, отколку тоалети!

Во светот има повеќе паметни телефони, отколку тоалети!

46

Од нашиот специјален известувач од Тампере, Наташа Доковска

„Одржувањето на менструалната хигиена е подеднакво важна и за жените и за мажите!!! Половина од популацијата во светот се соочува со ова прашшање 30-40 години од  животот. Но, зошто сеуште е табу и како можеме да ги сопреме бариерите кога станува збор за месечниот период кај жената ?!“ – ја започна својата презентација Ралф Лујендик, извршен директор на WSSCC на овогодинешната конференција за Суви тоалети, која се одржува денеска и  утре во Тампере, Финска. Меѓу другото тој нагалси дека треба да продолжиме да зборуваме за ова прашање и да ги поттикнуваме жените низ целиот свет да се однесуваат кон периодот како дел од нормалниот живот, а не како кон табу.

Едно од главните прашања беше токму кои се алтернативи може и треба да и се  понудат на жената за управување со личната хигиена во текот на периодот, особно сега кога е докажано дека постоечките влошки содржат хемикалии и пластика која влијаа на појава на голем број инфекции. Експертите од целиот свет, околу 200 од 50 земји, предлагаат користње на менструалната чашка, за која истражувањата покажуваат дека е најбезбедна за користење, за женското здравје, но и за животаната средина. Но, исто така се испотави и дека жените многу малку знаат за истата и дека имаат отпор за нејзино користење. Од друга страна, причиниата за тоа е што сеуште ја нема на пазарот, односно најчесто може да се нарача он лајн.

Затоа, како друга алтернатива се предлагаат текстилни влошки, кои ќе се употребуваат повеќекратно и кои исто така ќе имаат превентивна улога за женското репродуктивно здравје и помало влијание врз загадувањето на животната средина.

Покрај оваа тема, овде денска се дискутираше за компост тоалетите, или попознати како суви тоалети и потребата од нив. Но, заклучокот е дека свесноста на граѓаните не е на потребното ниво за нивно користење. И, ако во Африка и Азија имаат сериозен проблем со пристап до санитација, во Европа има се поголем проблем со недостаток од вода кој влијае на загадувањето на земјата и ја отвора потребата од суви тоалети. Но, ккао што кажа еден од говорниците денеска во светот има повеќе паметни телефони, отколку тоалети. Финска е отидена најдалеку во нивно производство и за повеќе намени, а цените се движат од 80 евра за тоалети кои се користат во камп приколки, до 2500 евра за компост тоалети кои се користат во домување.

Овогодишната, 6та конференција се одржува во индустриската зона Хиеданранта, некогашна индустриска зона, а сега пренаменета во културен центар во кој се одржуваат разни културни настани и конференции.