дома Политика Регион Во Хрватска запленети рекордни 100 килограми кокаин

Во Хрватска запленети рекордни 100 килограми кокаин

33

Хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во средата биле запленети 100 килограми кокаин и дека на територијата на Хрватска и Словенија биле уапсени осум лица, пишува „Вечерњи“.

Хрватската полиција во акција наречена „Нана“ успеа да прекине синџир на шверц и конфискуваше рекордни 100 килограми кокаин. Членовите на криминалната организација оваа голема количина дрога ја шверцувале од Јужна Америка до Европската унија преку Хрватска. Меѓу уапсените е 48-годишен државјанин на Шпанија, 43-годишен маж кој има државјанство на БиХ и Холандија и шест хрватски државјани на возраст од 39 до 59 години.

Споменатите 100 килограми кокаин биле купен во Панама за 300.000 евра, а биле скриени во контејнер со 20 тони мешан метален отпад. Дрогата требало да биде истоварена во Загреб, а контејнерот претходно бил истоварен во Риека, каде што бил запленет од полицијата. Како дел од истата акција, полицијата претходно заплени 150 килограми марихуана и 69.000 кутии цигари.

Килограм кокаин во земјите на Европската унија чини од 21.000 до 33.000 евра.