Црна Гора фото Pixabay

Македонските државјани во Црна Гора ќе можат да влезат без ПЦР тест откако вчера земјата ги олесни мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Министерката за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, изјави дека, сепак, ќе биде забрането организирање на новогодишната ноќ на 13 јануари, и во затворени простории и на отворено.

Премиерот Зоран Заев во телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ бил информиран дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји. А.Р.