Цената на биткоинот денес надмина 62.000 долари, што е историска вредност на таа криптовалута пред влегувањето на берзата на една од најголемите крипто компании „Коинбејс“ (Coinbase).

Утрово се тргуваше со биткоин за 62.377 долари, што е за 114% повеќе од почетокот на годината, додека Волстрит се подготвува за влез на берзата на првата компанија која тргува со криптовалути.

„Ова е важен сигнал бидејќи укажува на тоа дека се помалку веројатно е регулаторите да одлучат да бидат построги кон овој сектор“, рече Наим Аслам, аналитичар во компанијата „Аватрејд“.

Бројни традиционални инвеститори се свртуваат кон оваа прва криптовалута, а големи имиња од Волстрит како „ЏејПи Морган“ или „Блекрок“ сега им нудат на своите клиенти специјализирани фондови.

Од октомври 2020 година, кога гигантот за плаќање преку Интернет „Пејпал“ објави можност за користење криптовалути на својата мрежа, цената на биткоинот се зголеми. Вредноста на биткоинот во тоа време беше околу 15.000 долари и не надмина 20.000 долари. А.Р.