На 23 септември од 20 часот, во Центар за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово ќе се одржи осмото издание на “Тумба Фест” , на кој ќе бидат изведени над 20 песни, што ги создадоа над 30 автори.
Ќе има и пејачи гости од Бугарија и Босна и Херцеговина, кои заедно со плејада македонски естрадни ѕвезди, ќе ја состават оваа  шармантна забавна музичка приказна.
-Продолжуваме со негување на културното наследство на Куманово, североисточниот регион на РСМ, и ги негуваме карактеристичните обележја кои се уникатни во овој регион. Повелете на фестивалот, поканува директор на фестивалот и на ” Етно Ризница,” господинот Драган Митевски.
“Тумба фест” почна бомбастично, во деведесеттите години, потоа имаше прекин од 19 години, за повторно да се врати на листата на наши фестивали. “Тумба фест” во основа е фестивал на новосоздадени македонски шегобијни песни, а името на фестивалот е метафора на симпатичната кумановска анегдота, “Куде тумбу и четири бандере”. Автентичните текстови на кумановски дијалект и даваат посебен шмек на целата оваа “приказна”.
В.Г.Парго