фото: Фејсбук

Васил Гарванлиев ја промовираше песната „Ти“ (You), со која ќе ја претставува Македонија на 65. Евровизија, чиј домаќин ќе биде холандскиот град Ротердам.

Триесет и петгодишниот Гарванлиев е дипломиран оперски пејач, стекнал слава пред 28 години со песната „Марионка“, една од најпопуларните детски песни, а која ја изведе а „Златно славејче“. Минатата година го почуствува вкусот на Евровзиија, но како еден од придружните вокали на Тамара Тодевска, која се пласираше на седмото место, што е најголемиот успех на Македонија досега.

Продукцијата и аранжманот на песната, покрај Невена Нешкоска, ги работеа и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека спотот го режираше Милена Витман.

Автор на музиката е Невена Нешкоска, композиторка и продуцентка од Охрид која работи и живее во Чикаго, која го напиша и текстот заедно со сестра ѝ Калина Нешкоска и со Американката Алис Шредер.

Оваа година Евровизија е закажана да заочне на 12 мај, кога треба да настапи и Гарванлиев  заедно со Австралија, Белорусија, Ирска, Литванија, Русија, Словенија, Шведска, Азербејџан, Хрватска, Белгија, Израел, Кипар, Малта, Норвешка, Украина и Романија. Но, дали ќе остане така и дали корона вирусот ќе влијае и на одржуавњето на овој настан, останува да видиме наскоро.

 

А.Н.