EPA-EFE/PFIZER HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Телото кое препорачува мерки против коронавирусот во Германија, таканареченото СТИКО, препорача засилувачка (бустер) доза за сите луѓе на возраст над 18 години.

Деновиве Германија руши црни рекорди по бројот на новозаразени и починати од Ковид-19.

СТИКО препорачува и бустер доза со mRNA вакцина и посочува дека третата доза треба да се земе шест месеци по втората. Скратување на периодот помеѓу втората и третата доза на пет месеци може да се разгледа во некои случаи, или ако има доволно капацитет, сметаат германските експерти.