дома Култура Гламурозно отворање на Сараевскиот фестивал

Гламурозно отворање на Сараевскиот фестивал

„Другата страна на надежта“ на Аки Каурисмаки на отворањерто ја плени публиката, додека самиот старт на програмскиот дел го донесе жестокиот „Чин на убивање“ на Џошуа Опенхајмер најавувајќи силна и контроверзна програма.

45

Отворањето на годинешниот 23. Сараевски филмски фестивал помина целосно во знакот на новиот филм на финскиот режисер Аки Каурисмаки „Другата страна на надежта“. Се чини дека изборот на овој филм, кој на годинешното Берлинале ја освои „Сребрената мечка“ за режија, беше вистински погодок. „Другата страна на надежта“ е втор филм на Аки Каурисмаки по „Авр“ во кој авторот се занимава со темата за бегалците, но на еден многу топол и човечки начин, апсурдно, откачено, хумано и полно со хумор, тоа е филм кој ве плени и кој навистина создава едно поинакво чувство.

Така беше и во Сараево. Некако филмот донесе поинаква, многу позитивна атмосфера, претворајќи ги во „херои“ на вечерта двајцата главни актери од филмот, Шерван Хаџи и Симон Ал-Базон. Тие ги играат Калед и Маздек, Kaled i Mazdek od Drugata strana na nadeztaи двајцата бегалци, едниот од Сирија, а другиот од Ирак, кои ќе се сретнат во Финска и ќе си помагаат еден на друг во таа средба со непознатото и започнување нов живот. Но, тука се вечните позитивци на Каурисмаки, вработените во еден откачен ресторан, кој секојдневно ја менува својата специјалност, предводени од Викстром (Сакари Куосманен), поранешен трговски патник и реставратор на масите за покер. Калед и Маздек добија огромен аплауз на крајот, а така беше и на средбата со нив „На кафе со…“. Интересно е дека каде и да се појават, тие се вистинските ѕвезди во првите денови од Сараевскиот филмски фестивал.

Инаку, самото отворање веќе станува традиција во Сараево, со многу гламур, внимателно одбрани дизајнерски креации, со атмосфера која наликува на големите фестивали, каде што секое влегување на црвениот килим е проследено со блескањето на фотоапаратите, а околу заградениот простор е преполно од Сарајлии кои се дојдени да ги видат гостите. Во регионот дефинитивно Сараевскиот станува, не само најголемиот и најзначајниот фестивал, туку и се Otvoranjeto na Saraevskiot festivalпогламурозниот, кој привлекува филмаџии од целиот регион, но и секоја година некои од најзначајните филмски автори на денешнината или големи актерски имиња кои ги одбележале изминатите децении, како што лани беше доаѓањето на самото отворање на Роберт де Ниро. Оваа година на отворањето беше дојден Џошуа Опенхајмер, Американец кој живее во Данска, еден од најконтроверзните и најангажирани автори, чии филмови успеаја да ги поместат границите. А се очекува и доаѓањето на еден од култните американски режисери, Оливер Стоун, кој ги потпишува „Вод“, „Роден на 4. јули“, „Волстрит“, „Родени убијци“, како и сценаријата на: „Лице со лузна“, „Полноќен експрес“, „Година на змејот“ и многу други.

Веќе првиот ден беше претесно за да се влезе на филмот „Чин на убивање“ на Џошуа Опенхајмер, кој трае 160 минути и успева целосно да ги расветли настаните што се случуваат во Индонезија во 1965 година, кога со воен пуч била симната индонезиската влада и биле направени Dzosua Openhajmer vo Meeting Pointцели одреди за убивање кои во текот на една година убиле повеќе од еден милион комунисти, етнички Кинези и интелектуалци. Она што е неверојатно во овој филм е што Опенхајмер успева да ја задобие довербата на вистинските убијци на овие луѓе, кои самите зборуваат во филмот и уживаат во тоа. Не само што никој не одговарал за тоа, туку Анвар Конго кој лично убил над стотина луѓе, денеска е почитуван како основач на десничарската паравоена организација, која израснува токму од овие убиствени одреди. Организацијата е многу моќна и во нејзините редови се сите поранешни соработници на Анвар и негови пријатели кои се денеска министри и без задршка раскажуваат за се што правеле, корупција, местење на избори, начин на кој ги испитувале комунистите и како одредувале кој треба да биде убиен.

Во филмот сите се вистинските ликови кои со смеење и забава раскажуваат дека прво биле „тапкароши“ односно продавале кинобилети на црно, но комунистите ги бранеле американските филмови на кои тие најдобро заработувале. Тие толку отворено си зборуваат дека не би можеле да прават криминали и добро да живеат ако комунистите биле на власт и, секако, се категорични дека тоа не го дозволиле и никогаш нема да го дозволат. „Не може овде да дојдат комунистите“, вели Анвар, бидејќи тие тогаш нема да можат добро да живеат. А тоа како се луѓето убивани и зошто, тоа е нивната најмала грижа. Тие толку многу се трудат во филмот да покажат на кој начин убивале илјадници луѓе и какви проблеми тоа им правело, поради што смислувале начини како полесно да убијат што повеќе, а да не прават „неред“. Анвар зборува за своите соништа, дека понекогаш го мачат и му доаѓаат убиените на сон, или го гледаат очите кои не ги затворил, за еден од неговите пријатели, Авид, со кои заедно убивале, да го посоветува да оди на психијатар дека штом тоа го мачи му се распаѓа одбранбениот систем. Со други зборови, Авид нема никаков проблем со тоа додека раскажува како го убил и таткото Кинез на неговата девојка, но му вели на Анвар дека тоа не треба да го мачи и дека мора нешто да преземе.

Filmot Cin na ubivanjeСтрашно е да се гледа овој филм во кој овие крволочни убијци без ни ронка совест или каење зборуваат за сето она што го правеле и уште се гордеат со тоа. Денеска зборуваме за 21 век, за цивилизација, за потпишани конвенции, за Обединети нации, а овде имате земја во која ова се случува повеќе од 50 години и тие луѓе си живеат во благосостојба и уживаат во снимањето на овој филм и во зборувањето за тоа дека да се убие не значи ништо, дека човечкиот живот не вреди ништо. Во споредба со ова војните кои, нели, ги осудува целиот свет, дури и „не звучат толку страшно“, бидејќи таму дури имате и хиерархија и воени кодови кои се почитуваат. Што е ова и како може никој ништо околу тоа да не презема… Неверојатно е она што го обелоденува Опенхајмер, неверојатна е неговата ангажираност и начинот на кој го носи овој апсурден и страшен филм. На отворањето на програмата „Посветено“ тој зборуваше токму за убивањата и геноцидот, за многуте неправди низ историјата и за „леснотијата“ со која тоа се случува и денес. Опенхајмер веќе со своите два филма за Индонезија беше прогласен за генијалец и навистина е задоволство и чест што тој е гостин на фестивалот.

Сунчица Уневска