Почнувајќи од вторник (7 април) во 20 часот на официјалниот „Јутјуб“ канал на Националната опера и балет, сите љубители на оперската и балетска уметност ќе имаат можност да ги погледнат своите омилени оперски и балетски претстави.

Како што соопшти Националната опера и балет, претставите може да се проследат на Јутјуб каналот на следниот линк https://www.youtube.com/user/makoib почнувајќи од утре во 20 часот кога ќе се случи онлајн премиера на балетската претстава „Лебедово езеро” од П. И. Чајковски – ода за моќта на љубовта.

Претставата е изведена во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2015 година.
Балетот е во кореографија на Виктор Јаременко (Украина), во главните улоги се првенците на Болшој театарот од Москва, Нина Капцова и Артјом Овчаренко, а во улогата на Ротбарт настапува: Дојчин Дочев (Бугарија). Диригент е Ѓорѓе Павловиќ (Србија) Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

#ОстаниДома се гледаме онлајн, порачуваат од Националната опера и балет. А.Р.