Една хакерска група понуди на продажба податоци што ги украле од разни страници, а биле хакирани сметки на дури 73,2 милиони корисници.

Се работи за организацијата „Шајни хантерс“, а околу 30 милиони украдени сметки се на платформата за запознавање „Зоск“. Потоа следат 15 милиони од сервисот за печатење „Четбукс“, а остатокот од податоците доаѓа од разни страници, вклучувајќи ја и страницата на порталот „Стар трибјун“ и многу други.

Иако се работи за огромна количина на податоци, ова е веројатно само дел од еден поголем план. Хакерската група тврди дека провалиле во базата на податоци на сервисот „Гитхаб“ и дека од таму имаат околу 500 GB „материјал“, а податоците ги продаваат од индонезиската онлајн продавница „Токопедија“ за 5000 американски долари. А.Н.