Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги соопшти новите малопродажни цени на нафтените деривати кои од ноќеска се зголемуваат во просек за 8,50 отсто. Така, Еуросупер 95 ќе се продава по цена повисока за три, а дизелот и Eуросуперот 98 за 2,5 денари по литар.

Новата цена на Еуросупер 95 ќе изнесува 57,5 денари по литар, Еуросупер 98 ќе се продава за 59,5 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 49,5 денари по литар.

Екстра лесното масло ќе се продава за 27,5 денари по литар, додека новата цена на мазутот е 23,427 денари по килограм. А.Р.