Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите по посетата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, каде сега се примаат пациенти со КОВИД-19, кажа дека  не е вистинско време да се отворат градинките, нагласувајќо дека бројот на новозаразени пациенти секојдневно се зголемува.

-Тешко е сега да кажеме точно време кога би се отвориле градинките, меѓутоа засега сигурно не, истакна Филипче.

Филипче објасни и дека најавите дека градинките ќе се отворат и спроведениот скрининг на вработените во градинките од пред неколку недели бил во момент кога имало услови тие да бидат отворени, а скринингот се направил за да се заштитат децата.

-Одлука да се направи скрининг на вработените беше донесена во период кога стостојбата со коронавиусот дозволуваше да се размислува за отворање на градинките. Но, со зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи, сега во овој момент, не е време да се отворат градинките, заради тоа што децата апсолутно се големи трансмитери на вирусот кон членови на своите семејства, рече министерот за здравство.

Само колку за потсетување Асоцијацијата на приватни установи за деца ПОЛЕТ реагираше на неотворањето на градинките и бараа од Министерство за труд и социјална политика приватните градинки веднаш да се отворат.

Во нивното соопштение, објавено на Фејсбук имаа напишано:

“Ако министерот Филипче за изборите вели „Кој било настан во кој луѓето и организаторите ќе се придржуваат до протоколите, на дадените препораки на Комисијата за заразни болести, апсолутно не претставува ризик по граѓаните“, како тоа може да не се однесува за најбезбедната и најконтролирана средина – градинките, со 100% скрининг на персоналот, задолжителна дезинфекција и најстроги протоколи?! Браме најитно изземање од пакетот со јавните градинки, проверка на нашата подготвеност за работа од стручни служби инајитна дозвола за работа!“ 

СЗО, пак, неколкупати имаше потенцирани дека најмалите се најголеми преносители на вирусот и апелира државите да се воздржат од отворање на градинките. Неофицијално се говори дек аградинките нема д аотворат пред 1ви септември, иако и за тогаш не е сигурно дека истите ќе бидат отворени.

Н.Доковска