Како што пренесува РТС министрите за надворешни работи на Србија и Северна Македонија, Ивица Дачиќ и Никола Димитров во Ниш, разговарале за отворањето на границата меѓу двете земји, но дека Димитров рекол дека нашата земја границите ќе ги отвори до крајот на месецот.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ најави трилатерална средба со колегите од Грција и од Македонија, на која ќе се разговара за деталите за преминот на патниците низ овие три земји.

Само колку за потсетување, првично се најавуваше дека границата ќе се отвори на 15 јуни, но по се изгледа тоа ќе биде одложено за најмалку две недели. Дали ова значи дека ни претстои ново продолжување на вонредните мерки, останува да видиме деновиве.

Н.С.