дома Економија Грција затворена до 21 јануари за сите државјани на трети земји, меѓу...

Грција затворена до 21 јануари за сите државјани на трети земји, меѓу кои и Северна Македонија

Грција продолжи забраната за влез на нашите граѓани и на граѓаните од трети земји до 21 јануари.

126
Рчките медиуми пренесуваат дека од денес стапува на сила нова мерка – забрана за влез на лица од трети земји и же трае до 21 јануари, со можност да биде продолжена. Мерката предвидува привремена забрана за влез во Грција на сите државјани на трети земји на кое било место на влез, со какво било превозно средство, вклучително и воздушни, поморски, железнички и патни врски од превентивни причини во борбата против ширењето на корона вирусот на грчка територија.

Како што е објавено од оваа одлука се изземени граѓаните на Европската Унија и шенген-зоната, како и на граѓаните на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и на Сингапур.

За непречен проток на стоки отворени се седум гранични премини за камиони, и тоа четири со Бугарија и по еден со нашата земја, Турција и Албанија, а за возачите не важи задолжителна потврда за негативен ПЦР-тест.   А.Н.