Секоја земја во светот има свои чудни обичаи и закони, вклучително и Грција, за која иако е најпосетената дестинација од Македонци, веројатно малку знаете. Некои од овие луди факти можат да ве насмеат и нема да ги најдете во ниту еден водич или во вашата омилена апликација за патување.

Пред да се упатите кон Грција, проверете го овој список на интересни факти за оваа  земја.

Гласањето е обврзувачко
Да, изборниот закон во Грција не е нешто на што би можеле да останете рамнодушни. Сите грчки граѓани над 18 години мора да гласаат на сите избори. Интересен концепт, зар не?

Грција е водечки производител на морски сунѓери
Дали ви треба природен сунѓер за туширање? Грција е најдобро место каде може да го најдете. Можете дури да го посетите и островот што најголем производител на морси сунѓери во светот – Калимнос.

Едно од најдолгите крајбрежја на светот е во Грција
Најдолгата точка насекаде на земјата е оддалечена само 137 километри од брегот, а овде е долг околу 15.000 километри – еден од 15 најдолги во светот.

 

Три генерации под ист покрив
Во Грција се уште повеќе генерации живеат под ист покрив. Пензионерските заедници се ретки во оваа земја.

 

Пионери за управување со отпад
Првата депонија во Грција е изградена околу 500 пр.н.е. Тие ги одржуваат улиците чисти со милениуми!

Забрана за потпетици на историски места
Законот вели дека не можете да носите потпетици што можат да ги оштетат историските места како Партенон (храм посветен на грчката божица Атена). Научниците велат дека потпетицата создава поголем притисок на квадратен сантиметар од нозете на слонот. Затоа, потпетиците ги оставаат дома.

Имендените се поважни од родендени
Родендените во Грција не се нешто особено популарно. Наместо тоа, празникот на светецот чие име го носите е поголема причина за славење.

Сонцето не заоѓа овде
Или поточно, повеќето денови во годината се сончеви – точно 250. Речиси рај на земјата!

Дали сакате да си купите остров?
Грција има околу 2.000 острови вклучени во границите на својата земја, а само 170 се населени со луѓе.

Грците се најголеми љубовници
Ја држат оваа титула во последните десет години! Дури и Бразилците се рангираа под нив со „само“ 145 пати, во споредба со Грците кои водат љубов 164 пати годишно.

На еден грк двајца туристи
Грција е единствената земја во светот што го удвои бројот на туристи кои секоја година ја посетуваат во однос на нејзиното население.

Најголем број археолошки музеи во светот
Грција има повеќе од 100 археолошки музеи. Околу 7% од целиот мермер произведен во светот доаѓа од Грција. Во 2017 година, Грција, Турција, Кина, Италија и Шпанија извезуваат скоро 78% од глобалната вредност и обемот на извозот на мермер.

Подготвил: Ф.С.