Вкупниот број на случаи на коронавирус е регистриран кај 46 лица во Грција, а се очекуваат резултати од 24 лица кај кои во текот на ноќта се направени тестови.

Според Сотирис Циодрас, портпарол на Министерството за здравство новите заразени се група на луѓе кои неодамна ги посетиле Израел и Египет. Три од преостанатите лица се или членови на семејството или лица кои имале блиски контакти на оние што патувале во Израел и Египет. Вчера беше регистриран и првиот случај на заразен во Патрас, со што речиси сите региони на Грција имаат заразени со корона вирус и Владата ја разгледува можноста да прогласи епидемија на цела територија на државата и да ги затвори училиштата во период од две недели, а како и спортските центри, кината, театрите и другите места за јавно собирање.

Последната личност со која е дијагностицирана е од Дафни, во близина на Атина.

Група од 51 грчки државјани кои моментно се наоѓаат во Израел во посета на Светата земја, објавија дека ќе го прекинат патувањето и веднаш ќе се вратат  во Грција. Овие лица по нивното враќање ќе бидат изолирани во своите домови и ќе бидат во постојан контакт со здравствените власти во земјата.

И додека се бројат заразените од корона вирусот, шест други лица починаа во Грција оваа недела од сезонскиот грип, со што се зголеми вкупниот број на починати оваа сезона е 83 лица, соопшти грчката Национална организација за јавно здравје (ЕОДИ). Во епидемиолошкиот извештај оваа недела, ЕОДИЈ истакна дека 48 од жртвите на грип оваа сезона биле деца, а 38 биле жени.

Во меѓувреме и Бугарија на територија на цела држава прогласи епидемија на сезонски грип и ги затвори училиштата.

 

А.Н.