дома Економија Грчките плажи од утре отворени за јавноста

Грчките плажи од утре отворени за јавноста

126

Топлото време и високите температури ги натера гршките власти од утре, сабота, да ги отворат плажите. Сите организирани плажи во Грција ќе работат од сабота од 8 часот под следниве услови:

  • Обавезно бележење на бројот на посетители и контролиран влез на плажите
  • На организираните плажи максималниот број на капачи ќе биде 40 лица на 1000 м2
  • Минималната одалеченост на чадорите ќе биде 4 метри
  • Под еден чадор мора да бидат масимално две лежалки, освен ако не се работи за семејство
  • На плажа ќе смее да се слуужи само спакувана храна и пијалок и забарането е готвење на плажа
  • Забранета е продажба на алкохол
  • Забранета е достава на храна на плажа
  • Се препорачува сите вработени да носат маски
  • Забрането е седење во баровите на плажа
  • Задолжителна е дезинфекција на лежалките по секој посетител и редовна дезинфекција на санитарните објекти
  • Забрането е пуштање музика
  • Пешкирите се одговорност на посетителите, како инивна дезинфекција
  • Се препорачува социјална дистанца и избегнување гужва на плажите, како и почитување на мерките за заштита

Плажите кои не се дадени под концесија, а имаат простор лежење  без лежалки, предвидено е да се постават крпи, но на однапред исцртано растојание.

Н.С.