дома Живот Здравје Дали е безбедно да се вади мувлата и да се јаде остатокот...

Дали е безбедно да се вади мувлата и да се јаде остатокот од храна?

Некои видови содржат микотоксини, токсични супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции и респираторни проблеми.

351

Дали некогаш сте дошле во искушение да изедете храна која мувлосала на врвот откако ќе го отстранитенејзиниот дел, тоа се промени бојата? Еве што мислат експертите за тоа, како што пренесува „Нешенал џиографик“.

Прво, треба да се запомни дека разнобојните површини на мувлосаната храна – како зеленкасти големи точки на лебот или кафеава површина на старото овошје – се спори видливи со голо око. Остатокот од мувла, неговите „гранки“ и корења, тешко се гледаат, бидејќи тие обично се подлабоко во храната. Оттука, отстранувањето на делот кој променил боја нема да ве спаси од внесување на габи во организмот.

„Поголемиот број видови на мувла е безопасен, но исто така има и опасен вид“, вели Надин Шо, специјалист во американското Министерство за земјоделство.

Некои видови содржат микотоксини, отровни супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции и респираторни проблеми. Особено опасен е афлатоксинот, за кој се покажа дека предизвикува рак, објаснува Шо.

Микотоксините може да се најдат пред се во мувлата што расте на житарици и јаткасто овошје, но, исто така, се јавува и во сок од грозје, целер, јаболка … Најмногу го има во пченка и посевите со кикирики, наведуваат во американската Администрација за храна и лекови.

За да ја спречите мувлата, Шо препорачува да ја покриете храната, за да не дојде во контакт со спорите од воздухот, правилно да ја чувате во ладилникот и остатоците од оброкот да ги искористите најдоцна до третиот, четвртиот ден откако е направен.