дома Живот Сцена Даниел пее за “Прва љубов” 

Даниел пее за “Прва љубов” 

101
Талентираниот пејач и музичар Даниел Тошевски сними нова песна. Песната се вика “Прва љубов”. Музиката и текстот се на Тони Шоу. Аранжманот го направи Ангел Ќосев,  кај кого е и снимена песната во студио “Подрумот”.
Акустична гитара свири Тодор Завков, електрична гитара Зоран Костадиновски клавијатури Ангел Ќосев, придружен вокал е Андријана Јаневска.
-По празната 2020 година која беше година колку само да преживееме, редно е оваа година работите да тргнат, па така и јас ги поздравувам моите фанови со нова песна која се надевам и верувам дека ќе биде летен хит. Продолжувам со работа, во подготовка е препев на една стара македонска народна песна, а не е исклучена и можноста да се појавам на некој од фестивалите, ни откри Даниел, нашиот познат пејач, често наградуван и низ балканскиот регион.