дома Живот Сцена Даниел Тошевски со емисија на „Стар радио“

Даниел Тошевски со емисија на „Стар радио“

75

Познатиот естраден уметник Даниел Тошевски по 17 години повторно се враќа во радио етерот, овој пат на интернет радиото „Стар радио“ каде секој вторник од 13 до 14 часот ќе имате можност да го слушате во „5+2 топ листа“ која се состои од 7 песни. Идејата е да има 7 песни исто колку што има денови во неделата така што 5 продолжуваат понатаму, а 2 песни отпаѓаат и на нивно место има 2 нови предлози.

-На топ листата ќе има исклучиво новитети значи најнови македонски забавни како и песни од бившите Ју простори ексклузивно на нашата топ листа. Секој слушател има право во текот на денот да гласа 5 пати за 5 различни песни – вели Тошевски.

Ќе се гласа на фејсбук фан-страната „Стар Радио Македонија“, на мејл адресата radiostarmk@gmail.com, како и на веб страната www.radiostar.com.mk.

-Ова е само почеток. Понатаму планирам да водам контактни емисии каде ќе се зборува за разни теми и ќе има гости од различни области, но за тоа потоа. Од некаде мора да се почне – вели тој.

Слушајте 5 + 2 на Стар Радио секој вторник од 13 до 14 часот на www.radiostar.com.mk или на aндроид aпликацијаta која е достапна на „Гугл плеј“ – Стар радио Македонија.