дома Технологија Авто-Мото Данска чекор напред во дигитализацијата – воведени електронски возачки дозволи

Данска чекор напред во дигитализацијата – воведени електронски возачки дозволи

11

Данските возачи повеќе не мора да носат возачка дозвола во форма на картичка, туку доволен им е мобилен телефон со апликација во кој всушност е дозволата.

Не мора да биде ниту мобилен телефон, туку каков било уред што може да вчита дигитална возачка дозвола.

Споменатата апликација се вика Kørekort и откако ќе се преземе од Интернет и ќе се создаде сметка на неа, се активира со скенирање на пасошот.

Најголем недостаток е што прифаќа само дански пасоши, што значи дека не е наменета за странци, дури и кога имаат дански возачки дозволи.

Ако се прашувате како полицијата ќе ги проверува овие дигитални дозволи, одговорот не е премногу комплициран или футуристички – со скенирање на QR-кодот.

Значи, без преземање на мобилниот уред од возачот, само со доближување на уредот до скенерот. А.Р.