дома Живот Социјална политика Дванаесетто издание на „Вечерите на женски права“

Дванаесетто издание на „Вечерите на женски права“

104

12-тото издание на „Вечерите на женски права“ ќе се одржи од 6ти до 8ти Март 2021 во Младинскиот културен центар – МКЦ, Културно информативниот центар – КИЦ и на VOD платформата Cinesquare, како и на крајот на мај во Кинотеката на С. Македонија.

“Вечери на женски права“ е настан кој од 2010 година традиционално се организира на различни локации во Скопје и нуди алтернатива за прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8ми Март. Имено, преку уметност, филм и музика, „Вечерите“ поттикнуваат жените и мажите да размислуваат критички за родовата нееднаквост и да оддадат почит на досегашните достигнувања.

Претходните изданија на овој настан покажаа дека граѓаните на Скопје имаат огромен интерес за вклучување во активности по однос на прашања поврзани со женските права и родовата еднаквост.

Оваа година, „Вечерите“ се организираат под глобалната тема за одбележување на 8 Март: „Жени во лидерство: остварување еднаква иднина во свет на ковид-19“.

Овогодинешното издание на „Вечерите на женски права“ е организирано од страна на Институтот за човекови права и Авард филм и видео, со поддршка на Град Скопје и канцеларијата на UN Women во Скопје.

Целосната програма со сите детали може да се најде на следните линкови:

– https://www.womensrightsnights.net/ и

-https://www.facebook.com/womensrightsnights.net/

Програма за 12тото издание на Вечерите на женски права:

6/7 март

Бесплатна проекција на документарните филмови „Денот на жената“ (85 мин, 2020) и „Форте“ (60 мин, 2019) на платформата Синесквер:

https://cinesquare.net/#/collection/212/

8ми Март, 12:30 – 14:00 (онлајн настан)

„Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални – како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на ковид-19?“

Пријавување за учество на следниот линк: https://forms.gle/uNFBhZoEg4aPj22L8

Панелисти:

– Јагода Шахпаска, Министерка за труд и социјална политика

– Д-р Милена Стевановиќ, директорка на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фербилни состојби Скопје.

– Афердита Имери, Social Inclusion Specialist, International Foundation for Electoral Systems (IFES)

– Ирена Цветковиќ, Доктор на науки од областа на родовите студии и претставник на Платформата за родова еднаквост

Воведни обраќања:

– Маргарита Цаца Николовска, претседателка на Институтот за Човекови Права и

– Весна Ивановиќ – Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.

Модераторка: Вики Чадиковска, новинарка.

8ми Март, 19:00, Културно информативен центар, Скопје

Отворање на изложбата „Будење“ 2

Учествуваат: Маја Кировска (МК), Мојца Сенегачник (СЛ), Александра Петрушевска Ристовска (МК), Симонида Филипова Китановска (МК), Марипоса Фа (Швајцарија), Хура Миршекари (Иран), Јана Печечник (СЛ), Јана Стојаковиќ (СР), Лаурета Воглиќи (КО), Касиопеја Наумоска (МК)

Мај 2021, Проекција на документарни филмови, Летно кино на Кинотека на С. Македонија

– Денот на жената (85 мин, 2020)

– Форте (60 мин, 2019)

– Ова е свет на тинејџери (45 мин, 2009)