Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица.

Меѓу потврдените новозаболени случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои министерот за здравство Венко Филипче ќе информира на редовната прес-конфенција.

Денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19. Овој пациент бил на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, се чека резултатот од тестот. Другиот е пациент со Ковид-19 на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.со два контролни негативни теста на Ковид-19. Од клиниката се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома А.Р.