дома Политика Свет Двајца уапсени за убиството на словачкиот новинар

Двајца уапсени за убиството на словачкиот новинар

25

Словачката полиција уапси две лица кои планирале да купат оружје и да одат во селото Велка Маца на 23 февруари, а кои се доведуваат во врска со убиството на новинарот Јан Кучиак и неговата свршеница, изјави шефот на полицискиот корпус.

Како што пренесува новинската агенција ТАСР, полицијата во вторникот вечер извршила претрес во домовите на две лица кои се веќе познати на полицијата за трговија со дрога.

Јан Кучиак и неговата свршеница беа пронајдени во неделата вечер во својот стан во градот Велка Маца, а се претпоставува дека бил убиен бидејќи ги истражувал обвиненијата за незаконски исплати на фондовите на ЕУ преку даночна измама во која биле вклучени словачки и италијански државјани поврзани со организираната криминална група „Ндрангета“.

Во средата навечер, илјадници луѓе се собраа во центарот на Братислава да одржат комеморативен марш во спомен на убиениот новинар. Демонстрантите се собраа во попладневните часови на плоштадот СНП од каде отидоа пред Владата носејќи свеќи, банери и фотографии од новинарот.

Маршот беше организиран од опозициската Народна партија (ОЛАНО) и се одвиваше во тишина. Друг протестен марш е закажан за петок, организиран од новинари и граѓански организации.