Неименувана девојка од Куманово, која се приклучила на Исламска држава во Сирија пред четири години, е убиена во борбите во таа земја, објавија приштинските медиуми. Во последните два дена и двајца доброволци од Косово загинаа во Сирија во редовите на радикалните исламисти.

Веста за смртта на девојката од Куманово била потврдена од нејзиното семејство. Досега вкупно 15 македонски државјани и 76 косовски Албанци загинаа на сириските и ирачките боишта.