Вечерва на своите фејсбук профили се јавија и неколку политичари и лица вработени во Владата кои  инфрмираа дека се во домашна самоизолација поради контакти со заболени од корона вирусот.

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски на неговиот фејсбук профил го апиша следново:

„Согласно препораките на епидемиолозите, поради средбата со мојот другар и колега Мухамед Зекири, во наредните девет дена ќе бидам во самоизолација.
На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме.На Муки и семејството им пожелувам брзо закрепнување. На сите други Ви посакувам добро здравје.“

И Марјан Забрчанец, вработен во Владата на Северна Македонија информираше дека од денеска е во домашна самоизолација поради контакт со Мухамед Зекири. Тој на својот профил напиша:

„После веста дека другарот Мухамед Зекири има позитивен Ковид-19 тест, на препорака на епидемиолозите од денес сум во домашна самоизолација. Со Зекири бев на состанок одржан во четвртокот попладне, на 1.5 м растојание, со заштитна маска и со соодветна дезинфекција пред и после состанокот. Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата. На Мухамед и семејството им посакувам брзо оздравување.
Сите да ги почитуваме доследно мерките и препораките на епидемилозите и на тој начин да се заштитиме самите себе и сите околу нас.“

Со слична порака се јави и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу , информирајќи ги граѓаните дека е во изолација, откако претходно бил во контакт со лице кое во меѓувреме добило позитивен тест на Ковид-19.

На неговиот профил тој напиша:

„Почитувани граѓани,

Ќе ја искористам можноста преку овој вид на комуникација со вас, да ве информирам и да ја споделам загриженоста за начинот како се одвива состојбата со корона вирусот. Воедно сакам да ви дадам до знаење дека овие денови имав контакт со лице кое резултираше ПОЗИТИВЕН кон тестот за COVID -19, затоа од овој момент ќе останам во САМОИЗОЛАЦИЈА и ќе делувам според протоколите на соодветните здравствени институции. Драги граѓани, уште еднаш ќе ја искористам оваа прилика да ви АПЕЛИРАМ за внимавање, придржување на предвидените мерки и сериозно третирање на оваа тематика и предизвик, бидејќи состојбата не изгледа воопшто добра и секогаш постои можност да стапи кон полошо.

Н.С.