дома Спорт Останати спортови Дел Потро гo освои Мастерсот во Индијан Велс

Дел Потро гo освои Мастерсот во Индијан Велс

37

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро го освои вчера Мастерс турнирот во Индијан Велс, како што во финалето го победи бранителот на титулата, првиот тенисер во светот Роџер Федерер по три сета, 6:4, 6:7, 7:6.

Осмиот играч во светот победи по два часа и 45 минути, спаси три меч топки и го освои првиот турнир од серијата Мастерс во неговата кариера. Федерер го доживеа првиот пораз во 2018 година и сега има скор 17-1. Тој играше за шеста титула во Индијан Велс синоќа, вкупно 98-ма во кариерата.

Дел Потро направи брејк во петтиот гем од првиот сет, што беше доволно за да поведе во мечот по 34 минути. Во вториот сет имаше голема борба, ниеден тенисер не успеа да направи брејк, па се одигра тај-брејк, кој Федерер го доби со 10:8, иако пред тоа не успеа да искористи четири сет топки. Го доби вториот сет за еден час и шест минути.

Аргентинецот беше во водство во третиот сет, но Федерер го одзеде сервисот во 9-тиот сет и поведе со 5-4. Во следниот Швајцарецот сервираше за победа, не искористи три меч топки, па осмиот играч во светот израмни на 5:5, по што ја искористи втората брејк топка.

Тој потоа го освои гемот на свој сервис, а по него Федерер сервираше да остане во мечот. Тој го освои 12-тиот гем без изгубен поен и победникот на натпреварот беше решен по тај-брекот. Дел Потро водеше со 5:0 и без проблем го заврши тај-брејот со резултат 7:2.