Денот на тоалетите во услови на пандемија се прославува со апстинирање

92

Пишува: Филип Спировски

Тргнувајќи од препораките на СЗО за хигиенските принципи и често и соодветно миење на рацете, во јавните тоалети е постигнат мал напредок. Имено, може да се забележи дека молбите за одржување на хигиена, ги поттикнале службите за чистење на тоалетите во шопинг центрите, моловите и рестораните, па тоалетите таму не личат на „селски ќенефи“.

Во училиштата тоалетите се почисти од деновите пред пандемијата. Да точно е дека учењето е онлајн за повеќето ученици. Но, можеби не е доволен бројот на тоалетите во однос на бројот на учениците кога училиштата работат со полна пареа?!

Болниците работат со полна пареа. Нема слободни кревети, а и дополнителните капацитети на другите клиники се полнат. Состојбата со тоалетите таму е како и пред пандемијата. Сега „катетер тоалетите“ се актуелни. Кога сте во животно загрозувачка состојба последно на што ќе мислите е дали е чист тоалетот. Кризната состојба доаѓа ненајавено. Затоа неопходно е да се предвидат што повеќе аспекти пред да настапи кризата. Тоалетите се еден од неопходните аспекти за решавање за време на кризи во кои се инволвирани луѓе. Да ги чуваме тоалетите и да го зголемиме нивниот број, да ги прилагодиме за сите и да ги употребуваме со респект!