дома Култура Театар и Филм Детско „Кино утро“ од 9 до 20 јануари од 12 часот

Детско „Кино утро“ од 9 до 20 јануари од 12 часот

56

Кинотеката на Македонија го организира традиционалното детско „Кино утро“. Во периодот од 9 до 20 јануари со почеток во 12 часот ќе бидат прикажани пет филмови за деца. Програмата на „Кино утро“ ќе биде отворена на 9 јануари со проекцијата на филмот МРАВКО, а истиот филм ќе може да се погледне и на 15 јануари.

На 10 и 16 јануари ќе се прикажува филмот „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“. Децата ќе можат да се дружат со „Малите виленици Пикси“ на 11 и 17 јануари. На 12 и 18 јануари ќе можат да го погледнат „Мармадјук“, а филмот „Змејска топка 2“ ќе се прикажува на 13 и 20 јануари. Цената на билетите е 25 денари.

9 Јануари (вторник) и 15 јануари (понеделник), 12:00 ч.
МРАВКО (Antboy)

Откако го каснала мравка, дванаесетгодишното момче Пеле добива супер моќи. Со помош на вљубеникот во спортовите Вихем, Пеле создава таен идентитет – се претвора во супер херојот Мравко. Синхронизиран на македонски

10 јануари (среда) и 16 јануари (вторник), 12:00 ч.
ОБЛАЧНО СО МОЖНОСТ ЗА ДОЖД ОД ЌОФТИЊА (Cloudy with a Chance of Meatballs)

Флинт Локвуд се смета себе си за добар пронаоѓач на изуми, но никој не му верува во тоа, ниту пак тој успеал да создаде корисен изум. Кога неговото гратче ќе се најде во економска криза тој ќе создаде машина што во атмосферата ќе предизвика дожд од храна.

11 (четврток) и 17 јануари (среда), 12:00 ч.
МАЛИТЕ ВИЛЕНИЦИ ПИКСИ (Pixies)

Џо Бек ја изгубил љубовта на неговиот живот поради „клетвата на пикси“ која била фрлена на него откако ненамерно го уништил селото на малите виленици и го повредил принцот Вилијам. Синхронизиран на македонски

12 (петок) и 18 јануари (четврток), 12:00 ч.
МАРМАДЈУК (Marmaduke)

Семејство од предградијата во САД решава да се пресели во нов дом заедно со нивното големо куче Мармадјук кое има способност да привлекува непријатности.

13 и 20 јануари (сабота) 12:00 ч.
ЗМЕЈСКА ТОПКА 2 (Doragon bфru Z: Fukkatsu no ‘F)

Во недостиг на водач, остатоците на војниците на Фриз сега се под команда на вонземјанинот Соруба кој решава да го оживее Фриз. Тие доаѓаат на Земјата, каде што ги собираат неговите делови, со намера да го состават.