дома Култура Mузика, Опера, Балет Дилек Реџеп пијанистка: Го освојува светот со продажба на својата музика на...

Дилек Реџеп пијанистка: Го освојува светот со продажба на својата музика на Интернет!

96

Продавањето музика преку Интернет до пред неколку години беше алтернативен начин на продажба, сега веќе станува и се поофицијален и поинтензивен. Таму се продаваат и ваши снимки. Почитувана Дилек Реџеп, како дојдовте на идеја за продажба на музика преку мрежите на Интернет?

-Веднаш кога се појави интернетот како опција јас како уметник пијанист ја увидов таа можност бидејки бев доста затворена во однос на овие кругови во државата и надвор, бидејќи се преферираа претежно партиски политички и државни уметнички миленици. Отворањето на овој вид претставување пред јавноста навистина ми се виде како многу добра можност и достап до публика од цел свет каде секој може да пронајде нешто за својот вкус. Во тоа време се се одвиваше во некакви академски затворени кругови и класичната музика немаше достап до пошироката публика и јавност, дури многумина од уметниците се снебиваа да ги закачат своите снимки ненавикнати на таква проценка од светот и светската публика. Со тоа што отварањето надвор преку You Tube каналот и другите форми на интернетско претставување и продажба кои се автоматски и сами по себе поврзани претставуваат огромно олеснување за уметникот така што не мора да биде зависен од некои внатрешни фактори, и својот успех да го гледа глобално во светот, а не само локално, тука во државата. Се разбира, доколку уметникот е поддржан од сите фактори, успехот е многу побрз и поголем.

Како оди продажбата? Колку постои интерес за купување кај домашната, а колку кај странската публика?

-На почетокот скромно, но понатаму се повеќе и повеќе се зголемува како што се зголемува и промоцијата. Bо последно време се зголемија и профилите на интернетот со многу апликации каде што може уметникот да се промовира, и секако има интерес и кај домашната публика. Hо таа е поплашлива во однос на купувањето преку интернет а во светот тоа е одамна разработен начин на купување на секакви производи, не само на музиката воопшто.

23600753_10155868046499264_690837577_o

Би можеле да ни наброите кои Ваши наслови и дела може да се најдат на интернет за купување. Се заработува ли добро?

-Прво мое цд е лично издадено во 2014 год преку CD.Baby music independent store американска компанија, како aлбум со наслов ”Dragon songs and best Classical Popular songs”.Албумот е во жанр Classical и се продава на Dilek Redzep-Piano | CD Baby Music Store,под моето име Dilek Redzep или на насловот на албумот и композициите на мрежите Apple music, iTune, Amazon на сите јазици заклучно со азијатските,Jungle. Key .Shop,Shazam и други. Албумот содржи 16 композиции мегу кои се најактуелни 6-те од кинеско азијатско потекло кои сите азијатски врвни музичари ги свират на светските сцени и навистина се ремек дело на азијатската пијанистичка уметност. Тоа се композициите Autumn Moon on the Calm lake,Silver clouds chasing the moon ,Sunflowers,Spring dance –Sun Yi Qian,Ode to the Yellow River 2 став од најпопуларниот кинески национален концерт Yellow River ,Eastern Winds –Steve Tan модерна композиција од млад виетнамски автор на кинеско виетнамски мотиви. Останатите се бисери од западноевропскиот романтичен период, односно популарни дела од Фредерик Шопен Ноктурна оп.9 бр1 и 2,двата Гранде валцери оп.34 бр.1 и 2,Полонезата оп40 бр.1 популарно наречена Воена (напишана по некој победоносен поход),популарната Фантасиа импромти оп.66 бр.4 и една од Најпоуларните транскрипции на Франц Лист за сите времиња Liebestraum – Љубовни соништа. Другите дела се популарни пијано транскрипции од популарни виолински дела Медитација од Жил Масне, Salut d’amor – Поздрав на љубовта од Едвард Елгар и најпознатото транскрибирано дело од јохан Пахелбел Канон во Д во верзија на американскиот автор Lee Galloway кој ми даде многу пофална критика за изведбата на неговото дело како една од најемотивните изведби воопшто.

Бидејќи станува збор и за заработка, но и за промотор на поинакви култури, колку е тешко да се излезе од анонимност и да се пробие својот пат на ваков начин?

-Да, доста е тешко да се излезе од анонимност токму заради тоа што има и заработка, секој се труди да задржи некаков монопол на пазарот, а исто така и дека се работи и за поинакви култури оди малку потешко.Бидејќи ЦД-то е микс на две култури кои всушност многу добро се вклопуваат заедно и на истокот во азијатскиот свет често одат рака под рака, но тука во европскиот пазар е поинаку. Aзијатската култура потешко се прифака и се уште не се вреднува доволно.

Како течат подготовките за реализација на одреден проект, од почеток до финалното објавување на Интернет?

-Најпрвин треба идеја за тоа што би се свирело, афинитетите на уметникот, пазарот, понатаму набавка на материјали. Jас можам и да се пофалам тука дека материјалите од кинеската музика, виетнамскиот композитор и концертот Yellow river ги добив во најкраток можен рок и немав никакви проблеми со авторските права, се беше без никаков проблем регуларно средено во најкраток можен рок .Понатаму се подготвуваат делата и се снимаат професионално студиски во неколку наврати,технички се финализираат во обработка и кога се готови се конкурира во издавачките куки низ светот за објавување. Во зависност од нивнот интерес тие го објавуваат ЦД то со сите нивни права и обврски, потпишувате договори со правни регулативи како што е кај секоја компанија различно, добивате бар код и одите понатаму. Отприликa два месеци трае процедурата и понатаму тие дистрибуираат низ другите мрежи и ве објавуваат на нивната страна.Тоа е процедурата. Имате објави лимитирани и доживотни, зависи од условите кои сте ги прифатиле. Моето ЦД е во доживотните објави.

Дали досега имате остварена некоја меѓународна соработка преку Интернет, за гостувања, настапи, изведби?

-Секако дека имам,најголем дел од сите овие активности се преку интернет и професионалните профили каде може да исконтактирате со луге од вашата област, концертни агенции, менаџерски агенции,бидејки како што реков претходно се беше ограничено. Имам и свој веб сајт каде секој во светот каде има интернет може да ве пронајде и да види што нудите. Иако и интернетот има секако одредена контрола и ограничувања сепак е многу полесна достапноста низ светот на музиката.

Дали дека со ваквиот начин на комерцијализација, доаѓа до израз вистинската вредност на уметноста или пак станува толку популарна и некако и секојдневна и лесно достапна?

23515658_10155868046519264_2100974004_n

-Убедена сум дека класичната музика треба да биде најкомерцијализирана музика, затоа што, гледајки од денешен аспект, била во многу ограничени кругови .Вистинската вредност секогаш доага до израз всушност заради достапноста и секојдневноста а не обратно, како што беше сфатено порано.

Каде го стекнавте Вашето образование? На кое професионални достгинувања досега сте најгорда?

-Моето образование го стекнав тука во МК во Скопје во средно музичко училиште ДМБУЦ –Луј и на ФМУ Факултетот за музичка уметност во Скопје и навистина студирав во време кога многу уметници гостуваа од странство, сите држеа семинари и имавме навистина добри контакти, размена на искуства, техники, изведби, стилови, школи на свирење и др.Понатаму со промените во државата имаше некој вакуум периоди во сето ова но мислам преживеавме достојно. Во меѓувреме соработував и со други уметници, виолинисти, пеачи, дувачи, камерна музика и која соработка дава една прекрасна енергија на сцената и можност за изведба на многу интересни дела кои можете да ги видите на мојот you tube канал. Исто така сум горда на Концертот по покана од Францускиот културен центар, тоа беше прв мој концерт по лична покана од светска институција во 2007 год како уметник и организатор на концерт на Француска музика во рамките на деновите на Франкофонската култура(бидејќи го имаа запознаено мојот афинитет кон француската музика од моите студентски денови).Секако горда сум и на снимањето на Концертот за пијано и оркестар бр .3 од Л.В.Бетовен кој требаше да биде исполнет со оркестар но во моментот приликите беа такви и остана со придружба на пиано како видео снимка кој исто така го има на мојот You tube канал. Најгорда сум секако на моето последно оствараување на моето ЦД Dragon songs and best popular classical songs,со кое всушност се отворив кон светот како уметник и пианист .

Колку македонските медиуми ја препознаа вашата креативна цел и вашата улога во промовирање на музичката уметност, надвор од границите, по виртуелен пат?

-За жал не многу ни во препознавањето на мојата креативна цел ниту во мојата улога за промовирање на музичката уметност воопшто, особено надвор од границите на државата. Во овие години македонските медиуми беа претежно ангажирани со некои свои национални цели и немаше простор за сево ова .

Која порака би сакале да им ја испратите на младите уметници и уметнички кои сакаат да го следат вашиот пат ?

-Најрано што можат да го почнат патот низ светот и по виртуелен пат и по конкретниот концертен пат.Да не чекаат тука без потреба нешто да се подобри за да тргне. Ние сме мала држава за пласирање на ваква уметност а светот е голем и нашата уметност, класичната музика, е глобална а тоа е огромна предност. Европа, цела Америка, Африка, Азија, Кина во моментов е лидер во светот на промоцијата, гледаноста ,слушаноста и посетеноста на концерти за класична музика која највројатно се должи на претходната затвореност во државните системи и нормално сега со отворањето последните 15 години се чувствува таа експанзија и тој интерес .

Колку и самата ги следите музичките остварувања на виртуозите, по сајбер пат, и колку и самата купувате музика на таков начин?

-Постојано и секојдневно ги следам музичките остварување по сајбер пат, концерти,натпревари ,гостувања а Live streamot е една прекрасна можност заедно со музичарите да уживате во моментот на создавањето на музиката. Да, купувам, се разбира, тоа ми е најлесен достапен пат за купување на музика.

Каков стил на музика преферирате професионално, а каков приватно?

-Преферирам класична музика од различни периоди, со различни стилови од национални поднебја. Таа ми е многу интересна подвижна и ритмична во кои и спаѓа секако и азијатската музика. Jас не ја двојам од останатите, приватно ја преферирам истата музика заедно со музиката која е мелодична, ритмична. Cакам мултимедијални проекти со мешање на музички стилови од типот на crossover музика за пиано и со различни имструменти и оркестри од секаков вид, и секако азијатската зен музика со нивните инструменти ми е омилена.

Кои се следните Ваши планови, за настапи, концерти и, евeнтуално, гостувања?