Фото: портал Луча

Последниве денови, па и недели, немирите во Црна Гора ескалираа викендов, а кои се насочени против владините планови за измена на регулативата поврзана со државјанствата и избирачкиот список.

За тоа што се случува во Црна Гора и каде лежи проблемот, го пренесуваме видувањето на Динко Грухоњиќ, босански и српски новинар, универзитетски професор, главен уредник на Истражувачкиот и аналитички центар Војводина (VOICE), јавен застапник на РЕКОМ во Србија и поранешен претседател на Здружението на независни новинари на Војводина, објавено на порталот Луча.

Во интервју за порталот Луча, дадено за новинарката Александра Поповиќ, новинарот од Војводина, Динко Грухоњиќ, објаснува дека промените во законот за државјанство може да доведат до промена не само во демографската слика, туку и во прозападниот курс.

„Несомнено е дека ова е токму намерата на „новата“ власти во Црна Гора. Очигледно е, барем за нас, кои повеќе од 30 години сме сведоци на намерите на големосрпската политика, дека сè е планирано во кујните Белград-Москва и дека владата на премиерот Кривокапиќ постојано се придржува до агендата на „Српскиот свет“: поништување на независноста на Црна Гора и, преку етнодемографско инженерство, Црна Гора да стане „Српска Спарта“, која отсекогаш била во очите на големосрпските националисти.

За жал, во очите на мнозинството во Србија, вклучително – што е многу болно разочарување за мене – и повеќето, се покажа, самопрогласени претставници на граѓанска Србија кои заради нивниот срам молчат како последни кукавици и морални ништожности пред офанзивата против една држава што е и граѓанска, и мултиетничка, и мултикултурна и прозападна “, објаснува Грухоњиќ.

Преку овој закон, владата на Здравко Кривокапиќ очигледно има тенденција да им олесни на граѓаните на Србија и Босна и Херцеговина, кои привремено престојуваат во Црна Гора, да добијат право на глас на полесен начин, објаснува Грухоњиќ.

„Андреј Николаидис убаво рече: само една сила беше доволно силна да ја собори владата во Црна Гора – големосрпскиот национализам. За прв пат кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на 20 век, кога ДПС дојде на власт на големосрпскиот бран. И втор пат кога ДПС, под притисок на истата сила што го донесе на власт, ја изгуби моќта по 30 години. Колку е разорна и апсолутно деструктивна оваа сила, видовме во 90-тите години на минатиот век.

Верувам дека граѓаните на Црна Гора извлекоа поука од тие времиња и дека ќе можат да спречат лавината да им се урне на глава и уште еднаш да се посрамат и да ја уништат Црна Гора. А нема да биде лесно да се одбранат, бидејќи тие што сега се на власт нема да бираат средства.

Тие ќе продолжат да ја делат Црна Гора. Кој знае, можеби нивниот резервен план е да создадат нова Република Српска на дел од територијата на Црна Гора … Само, мојот впечаток е дека овој пат тие удрија на тврдо и не очекуваа таков отпор, кој – без сомнение – ќе расте. Верувам дека Црна Гора ќе се одбрани. Тоа би било големо, огромно охрабрување за целиот регион“, посочува Грухоњиќ.

„Извинете, но како можеме воопшто да зборуваме за почитување на правата на малцинствата, кога станува збор за влада составена лично од покојниот владика Амфилохије? Тој беше сè друго освен олицетворение на екуменизмот. Тој беше заштитник на воените злосторници. Тоа е влада која е повеќе или помалку составена според клучот што го скрои Српската православна црква. И Српската православна црква постојано работи на поништување на државноста на Црна Гора, бришење на црногорскиот идентитет и поништување на граѓанскиот и мултиетничкиот карактер на државата.

Да не заборавиме дека Српската православна црква е формирана со декрет на кралот Александар и дека, ваква каква што е, била скроена точно по мерката за доминацијата на голема Србија во сите делови на поранешна Југославија, како и во сега независните држави.

Сето ова е одраз на истата политика што ја разбираше Југославија исклучиво како кукавичко јајце на голема Србија. И никој од членовите на Владата на Црна Гора не би седел во таа влада ако не биле целосно посветени на целта за голема Србија и Српскиот свет “, вели Грухоњиќ.

Малку е да се каже дека се чувствува влијанието на регионот во Црна Гора, објаснува Грухоњиќ, додавајќи дека сè е координирано на линијата Москва – Белград.

„Белград никогаш не се помирил со независноста на Црна Гора, веројатно затоа што црногорската независност им помогна да ја повратат сопствената државност, да бидам ироничен.

Па да се погледнат во огледало, што не сторија и кога ќе го сторат тоа – не се знае, претпоставувам кога ќе бидат притиснати однадвор, што е сценариото кое им се приближува, па паниката и деструктивностс се поголеми. Значи, од 2006 година до денес, во различни форми, на различни начини, трае притисокот на официјален Белград врз Црна Гора.

Тој притисок кулминираше со „фамозните“ протестни „литии“. Од тогаш па до денес, српските таблоиди блуеа илјадници и илјадници лаги и конструкции за Црна Гора. За жал, во тоа им асистира големото мнозинство на медиуми во Србија. Искрено кажано, не се сеќавам во последните 20 години да имало таква континуирана кампања како анти-црногорската хистерија што доаѓа од Србија “, посочува Грухоњиќ.

Русија, од друга страна, има интерес да ја направи Црна Гора недсигурен партнер на НАТО, заради дестабилизација на самиот НАТО, објаснува Грухоњиќ.

Русија произведува нестабилност на Балканот – и не само на Балканот – за да може да „тргува“ со Западот за прашања што се од фундаментален интерес за Москва.

„Се плашам дека производството на нестабилност во Црна Гора е само почеток и дека првата следна „на ред“ е Босна и Херцеговина, со истата трансверзала Москва – Белград“, рече Грухоњиќ.

Регионот е како систем на споени садови и затоа е од пресудна важност Црна Гора да се одбрани од овие напади и Западот, а пред се САД, навистина искрено да се вратат на Западен Балкан, пред да биде предоцна и пред да биде е организирана.уште една апокалипса на овие простори, заклучува Грухоњиќ во изјава за порталот Луча.

Подготвила: М.И.