дома Живот Социјална политика Директорот на Центарот за социјални работи се сретна со граѓанскиот сектор

Директорот на Центарот за социјални работи се сретна со граѓанскиот сектор

277

Во просториите на МТСП денеска се одржа средба на преставници на ГОии со директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје, г. Изеир Мемеди.
Новиот директор, г. Мемеди, кој на оваа фукција е од 1 април, на претставниците од ГОии им даде до знаење дека Центарот е отворен за соработка и реализација на заеднички активности од интерес на граґаните на град Скопе.
„Центарот како и до сега така и во иднина, е и ќе биде институција за грижа и поддршка на сите корисници на социјални услуги, а секако и со активна соработка со невладините организации ќе ги подобри условите за поактивно вклучување на граѓаните во сите активности на институцијата со која јас раководам. Јac сум тука секогаш да дадам поддршка на вашите активностите од заеднички интерес и грижа за граґаните“ -рече Мемеди.
На средбата присуствува претставници на повеќе од триесетина организации, кои имаа можност да разменат мислења и дадат предлози за идна соработка.

А.Н.