дома Спорт Допинг на ЗОИ!

Допинг на ЗОИ!

37

Јапонскиот репрезентативец Кеи Саито е првиот спортист суспендиран за допинг на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Соопштено е дека Саито, кој се натпреварува во брзо лизгање на кратки патеки, бил позитивен за ацеталозамид, диуретик кој може да ја сокрие употребата на други недозволени супстанции.

Се наведува дека јапонскиот репрезентативец прифатил привремена суспензија и доброволно го напуштил Олимпиското село. Тој беше тестиран пред натпреварот и не учествуваше во трките во Пјонгчанг. Судот за спортска арбитража ќе донесе одлука по завршувањето на Игрите во Пјонгчанг. Тој суд е надлежен за случаи на допинг, а Меѓународниот олимписки комитет за тестирање на спортистите.