По приемот на две деца во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, кој патем од денеска е нов КОВИД Центар, д-р Андоновски вели дека во Институт досега биле направени 350 тестови на деца. Според него шест деца биле позитивни на коронавирусот, но дека сите биле со лесна клиничка слика и се во одлична здравствена состојба. Д-р Андоновски вели дека децата лесно го минуваат вирусот, освен како имаат некакви заболувања, како на пример астма, ХОББ, тешка анемија…

Децата кои денеска се примени се на четири и пол годишна возраст  и на две години. Тие се асимптоматични случаи, немаат температура, ниту пак некакви симптоми. Тие се покажале позитивни на ПЦР тест направен во Ниш, со цел да можат да влезат во С. Македонија.

Според информациите кои ги споделуваше ИЈЗ  досега се регистрирани 200 деца позитивни на короновирус, од кои најмалото било тримесечно бебе.

Н.Доковска