Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски е хоспитализиран откако минатата недела објави дека е позитивен на коронавирусот. Од Клиниката за заразни болести во Скопје за Алсат-М телевизија потврдиле дека докторот заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.
Караџовски, кој е позитивен на Ковид-19 и самиот претходно потврди дека има и други здравствени проблеми, но не се повлече на чело на комисијата уште од почетокот на пандемијата. А.Р.
