Грција од денеска ги отвори границите кон Северна Македонија, но не и за македонските државјани. Водејќи се од  препораките на ЕУ на листата на граѓани на кои ќе им биде дозволен влез во Грција не се најдоа македонските државјани.

Во наредните 14 дена во Грција, следејќи ја европската препорака, влез ќе им биде дозволен на државјнаите на Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Руанда, Србија, Уругвај, Тајланд, Тунис, за државјаните на Кина кој влез во земјите од ЕУ ќе се разгледа врз основа на взаемност.

Како што изјави потпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас  граничните премини со Северна Македонија, Албанија и Турција се дозволени за преминувања од есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти.

Листата со држави чии граѓани се безбедни за влез во државите од ЕУ ќе се обновува на секои 15 дена, што значи дека следниот датум кога е можно да се дигне границата за македонски државјани е 15 јули.

Н.Д.