Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3. Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.

Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1231 , а последната дистрибуција по градови е: Скопје – 411, Куманово – 340, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –117, Тетово – 60, Струга – 55, Велес – 59, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1.

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста, a досега во земјата се направени вкупно 12340 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти. А.Р.