дома Колумни Еднаш дневно: “НЕ ВОЛЕМ”

Еднаш дневно: “НЕ ВОЛЕМ”

87
“Не волем”: фанови што бараат гратис за концертот на омилен пејач, особено ако се вработени.
“Не волем”: “видни лица”, функционери, министри, директори, политичари, бизнисмени, артисти, музичари, што бараат гратис за концерт на (омилен) пејач, особено ако се вработени. 
“Не волем”: “видни лица”, функционери, министри, директори, политичари, бизнисмени, артисти, музичари што седат во евтиниот изум наречен вип ложа и пијат “скап пијалок”. 
“Не волем”: фанови, “видни лица”, функционери, министри, директори, политичари, бизнисмени, артисти, музичари, новинари, што велат дека имаат голема фонотека од своите омилени артисти, а се тоа е пиратско, преснимено, а не регуларно господски купено во музички магазин. 
“Не волем”: новинари кои за познатите секогаш пишуваат се најдобро и ги прикриваат фактите, дека и тие имаат слабости како луѓе и грешат, потценуваат, искористуваат, се склони на незаконски и неетички дејства, и дека и нивните концерти може понекогаш да се утка…само за да се задоволи желбата на одредена “шема луѓе”. 
“Не волем”: градоначалници кои се фотографираат со цуци – маци пејачки /пејачи што ги носат за огромни суми, платени од џебот на народот.
“Не волем”: градоначалници што се палат на тие средби и потоа низ тие фотографии се фалат на социјални мрежи. 
“Не волем”: перење пари и вршење криминални дејства преку концерти .
“Не волем”: манијакално гонење на славни од нивните фанови и фанки.
“Не волем”: менаџери и организатори кои станаа богати на сметка на славните, многу побогати од нив. 
“Не волем”: менаџери и организатори кои станаа побогати од своите клиенти, а притоа и пославни и не се скинуваат од тв, портали, и разни медиуми. 
“Не волем”: концертни менаџери и организатори кои станаа побогати од своите клиенти, а притоа не тераат и нив да ги доживуваме како уметици. 
Ма “Не волем” воопшто организациони менаџери, кога ги немаше музиката цветаше. 
“Не волем”: ни лични менаџери кои се занесуваат и си прават филмови во глава дека се пославни од својот пулен. 
“Не волем”, “Не волем” и “Не волем” недостоиннствено последно поздравување. 
“Не волем” отпосле пишување и откривање/измислување работи кои ви биле заеднички и само ваши. И такви треба да останат. 
“Не волем” отпосле раскажување на пикантерии за некој кој заминал. 
“Не волем” да се фалиш што ти оставил за спомен- предмет, беџ, цеде, приватен маил. 
“Не волем”. 
***
“Не волем, ујне, стрине, шогоре, комшилук
… од њих ништа добро није дошло… тамбураше сваку песму бар за строфу скрате, матер им… затуцане, гратис- краваташе… крволочне псе и господаре, наџубрене тротоаре… оне лопуже што возе туѓа кола знају азбуку, до пола
(њих се малко гадим, право да ти кажем)…не волем шизове и нервне болеснике пре их пуштали за викенд, сад их пусте право пред камере… Све те лезбејке…пророчице…травестите…седму силу… не волем изборе, телевизор, плакате, доста ако Бога знате…не волем
шкртарију, интелектуалце који важно
врте палце, купиш их за шприцер и кавурму… “
***
“Ал тебе волем, и (тоа што ти се препуштив како верна слушателка во младоста, кога бев најкревка во емоциите и најранливи ви љубовта, барајќи утеха и мудрости во твоите стихови, ето) то је факат”.
А сега,” купи четир коња бесна, да их у облак упрегнеш, па ди те нико не зна, утекнеш”…
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.