Се враќав од конференција од Загреб, кога во преполниот автобус возачот ме смести до еден патник, моја генерација. Долгото патување беше неизбежно да не спои за муабет, па така од разговорот дознав дека е образован човек со диплома, кој заработува добро на плантажа во Италија, за да го прехрани семејството.
Рече дека работата му е тешка, и дека станува во три секое утро, во пет да е на плантажа и дека има строги контролори. Го прашав дали го знае газдата, рече – како не, и тој е целото семејство работат барабар со нас, се е супер и се дружиме  и слободно време, ама за работа е многу строг. Има неколку стотици работници и се контролира!
Од ова што го слушнав лесно се сфаќа дека богатиот италијански газдата има живот во половина дел од денот сосема ист како своите намачени наемни работници, ама па кога не би било така, кога би уживал а не би работел, би седел во некоја канцеларија со скрстени раце, би ги испуштил конците, за некоја година и нема да биде газда. И тој половина ден што го живее подобри, ќе му го снема.
Никаде нема егзистенција без добро да се спотнеш, леб не паѓа од небо, или како што нашиот народец тоа описно го срочил во поговорката – нема леба без мотика.
Оттука синоќа размислував за прашањето на ТВ новинар “Зошто Русија никогаш од Втората светска наваму не не помогнала” на што гостинот одговори неккаи со прашање ” А зошто Македонија никогаш не ја помогна Русија?”.
Валидно е прашањето број 1 и број 2, зошто Русинот за да има што да јаде денес мора да стане да ја ископа нивата, Французинот да замеси кроасани,  Финецот да влезе в море да ви фати риба, Италијанецот да засири питата кашкавал, Швајцарецот да измолзи кравите за да има “Милка” . Така е зборот. И кога би “не помогнале” нема да остане за нив.
Многу е погрешна таа претстава кај мнозинството на луѓето дека некој некого “помага”, со исклучок на еднократна двокатна помош кога не дај Боже  ќе се случи некоја катастрофа, од типот земјотрес, поплава, цунами, урагани. Помош не се праќа ни во земјите каде се е пустина и не вирее ништо, не па во земја каде се е плодно и ниви и пасишта. Апсурдно е да поставиме такви прашања.
Луѓето се распоредени во склад со своите способности и капацитети но секогаш како што го бара тоа општеството од нив. Лоша е илузијата дека некој ќе седи по дома со “четири у вис” или ќе фаќа дремеж по канцеларии, а државата ќе му плаќа или некоја друга нација ќе му прати пратка. Може да му прати само алат ако му треба, мотика!
Рекол мудриот искуственик- нема леба без мотика. А и нема срам од работа, само нека е чесно поштено.
Таков пример знам: преку еден пријател на фб. Момче, накај 30. Завршил факултет, многу е бистар и писмен на три јазици – на албански, на македонски и на англиски.
Нон стоп е весел, се селфира и поставува  фотографии од работното место, особено кога беше изолацијата, со никого не се расправа, не навредува, многу е културен, депресија нема, самодоверба има, не е во его филм, има да си плати сметки, не проси од државата, не паѓа на колена, не прашува што е со  психата на жените, мажите не му се криви. Со сите е на ниво. Сам си заработува чесно, си го вади лебот.
Момчето секој ден си работи- ПАСЕ ОВЦИ!
Да, убаво прочитавте.
Епа, зошто некој би се чувствувал  поспецијален од него и не би го работел тоа и би чекал од државата, истата онаа држава која нема да ги исплати ни медицинските лица кои овој период гинат на работни места?
Ако немате приходи, ако вашата професија не носи пари  (барем сега, а и уште долго) ако си здрав маж, повели работи! Полиња колку да сакаш, ниви плодни, пасишта. Некој мора да ги обработува. Ако немате земја од дедо си, има ниви под наем што се даваат.
Има и пасишта.
Штета ако некој ве направил “неработник” со својата лажна и пресметана поддршка и со грабањето лебот од устата на чесниот граѓанин за на вам да му даде, а и да ви остане и за луксузи.
Во новата реалност никој повеќе  не отстапува така.
Италијанецот кој денес со семејството барабар работел на плантажите, на крајот од денот нема да ви се јави да ве праша на коа адреса да ви ја прати бербата, додека вие да седите дома без активности, па затоа за не очекуваме дека некој ќе прати нешто од било кој дел од светот, така е зборот.
Еве да поентираме со убав предлог, оние кои периодов немаат ни за сметки или за да преживеат, јас може и да го прашам пријателов да му се придружат. Сигурна сум му треба помошник, а во тој случај може и да прикупи овци па да се отвори можност за плус уште некој работник. Работа за тој што сака да работи, секогаш има! А тој што  работи леб ќе има, тој што не работи, леб ќе сонува.
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.