Фото: Фејсбук

Валентина Ѓоргиевска Парго

Човекот е најнесовршено суштество на Планетата, иако изгледа поинаку, и иако тој самиот си поставил за себе слика дака е. Секое животно има инстинкт, карактеристики и својства на својот род од кои не отстапува. И предвидливи. Човекот не е. Тој е непредвидлив, и индивидуално и како заедница. Тој е лукав и пакосен кон околината. Тој не ја искористува природата таква каква што е, туку дава многу поголем напор само за да ја промени, смени и победи. Според свој каприц.

Животните не го напаѓаат и заробуваат човекот, а човекот нив ги напаѓа и заробува. И врши трговија со нив. Трговија со души на невини животни. Заработува на нив. Ги продава. Живее на нивна сметка. Ако се прашувате зошто ги сакаме животните, тоа е заради нивната мила душа. Имаат души. Каде вие се чувствувате подобро, во продавница со играчки, кадепонполивина час итате да си заминете , или во зоолошка градина? Одговорот е јасен. Во Зоолошка, зошто тука тие “играчки” имаат душа.

Но, што е зоолошката? Затвор за невини мили души. Да заробиш макар и најневин човек може да се најде некое некакво објаснување, дека не е невин директно ама велат индиректно и кармички сите ние луѓе за нешто сме виновни, макар и ненамерно. Да заробиш животно, кое е исто душа, од крај на свет, да го одделиш од биолошки род, родители, браќа, сестри, да го истрауматизираш со транспорт и со некој вештачки живот во вечно заробеништво во кафез/простор од неколку метри, да му промениш целосна перцепција на живеењето негово, да му даваш седативи, да го оставаш на студ, на горештини (да си е во природна средина само ќе си се скрие некаде), зар има посадистичко нешто?

Ајде за проба некој човек нека се смени со улогите, него животни нека го однесат некаде киднапиран и нека му фрлаат храна, и нека го гушкаат и се фотографираат со него, а околу да гледа суштества кои не му припаѓаат, како ќе му биде? Живот ќе е тоа? На пример, нилскиот коњ, и за човекот и за жирафата.ж, е нешто туѓо. Не му е род. И за лавот. И за мајмунот… Само што животните иако ги сметаме за несвесни, си го почитуваат инстинктот и освен за храна (некои од нив) за ништо друго не напаѓаат.

Човекот каде стапнал се уништил. Сметајќи дека го има тоа право и таа сила. Но, ајде да замислиме како би било еден ден животните одеднаш сите заедно да ја употребат својата сила и да го нападнат човекот од сите страни заедно, птиците, орлите од воздух, китови, ајкули, пирани, крокодили од вода, мечки, волци, диви свињи, лавови, дабари, змии, смокови, слонови, од земја да татне Планетата, како ќе се одбрани?