дома Живот Сцена Ексклузивна фото галерија од концертот на Рамбо Амадеус во „Станица 26“

Ексклузивна фото галерија од концертот на Рамбо Амадеус во „Станица 26“

56

Рамбо Амадеус, на 29 ноември 2017, одржа концерт во ноќниот клуб „Станица 26“. Засилен со својот секстет „Five Winnetous“– Саша Ранковиќ на тапани, Мирослав Товирац на бас, Војно Диздар на клавијатури, Александар Петковиќ на саксофон и Милош Николиќ на труба, миленикот на скопската публика Рамбо Амадеус уште еднаш елегантно и во свој фраерски алтернативно-рокерско- џезерски стил ги ќари симпатиите на скопската публика. Концертната агенција и продукција „3 Гонга“ стоеше зад оваа организација. Ексклузивната фото галерија ја направи фотографот Ангел Ситновски.