дома Живот Сцена Ексклузивна фото сесија на Ангел Ситновски од концертот на Четкар

Ексклузивна фото сесија на Ангел Ситновски од концертот на Четкар

64
Есклузивна фотосесија на Ангел Ситновски од концертот на Владимир Четкар и неговиот септет во преполната дискотека „Станица 26“, одржан на 17 јануари, во организација на „Три гонга“.
Четкар изрази големо задоволство и радост од убавата енергија од страна на публиката. Песната „Ти“, која ја компонирал на свои 19 години, а за прв пат ја извел на концерт во охридскиот Антички театар во летото 2003 година, на барање на организаторот синоќа ја изведе по втор пат.
И,  во џенлтменски манир и изведбата на песната им ја посвети на членовите на екипата на „Три гонга“, заблагодарувајќи им се за неговиот концерт, но и за сите концерти воопшто, со кои го подигнуваат урбаниот дух на Скопје.