дома Живот Сцена ЕКСКЛУЗИВНО: Марин Бабиќ повторно ќе растопува со „Бебули“

ЕКСКЛУЗИВНО: Марин Бабиќ повторно ќе растопува со „Бебули“

50

Една ексклузивна информација ни стигнува од познатиот македонски актер, рецитатор и уште попознат радиоводител Марин Бабиќ.

Имено, тој само што го заврши снимањето на новото цеде, од серијалот „Бебули“, некогаш екстра популарно на овие простори.
Стиховите кои овој пат ги рецитира се напишани од Огнен Неделковски, а снимано е во студиото на Александар Митевски. Целиот перформанс трае 60-тина минути.

Ќе биде промовиран со поетско-музичка претстава на некое соодветно место, за тоа сеуште се размислува каде.Што се однесува до „Бебуди“, пред дваесеттина години тоа беа претстави кои се одржуваа пред преполната публика во Универзална сала.

Марин Бабиќ, човекот кој ги топеше женските срца со своите романтични ноќни програми на Македонско радио, и идеен творец на „Глумците пеат“, сега со „Бебули“ прави камбек во сферата на елегантниот поетска реч.