дома Живот Сцена ЕКСКЛУЗИВНО: Поради високите цени во Тел Авив само најверните евровизиски фанови, веруваат...

ЕКСКЛУЗИВНО: Поради високите цени во Тел Авив само најверните евровизиски фанови, веруваат во пласман на Тамара

Специјално од Тел Авив, Валентина Ѓоргиевска Парго

83

Она со што се занимаваат израелските медиуми овие денови, во пресрет на Евровизија 2019 е бројката од 5-6.000 пристигнати евровизиски фанови, наспроти неколкупати повеќе очекуваните, причина- покачените цени непосредно пред овој грандиозен музички настан. Цените на хотелите (кои ги има во голем број) и на хостелите (кои ги има во помал број) кои и така се високи за цела Европа, биле драстично зголемени, што влијаело на одлуката да не пристигнат сите очекувани фанови. Тука се оние најверните- од секоја година, од цела Европа, а во последниве години и од Америка, Австралија, Мексико, Колумбија, Бразил и други земји.

Ако сте евровизиски човек на секоја прошетка во градот ќе налетате  на нив, и ќе ве познаат- од прес салата, од прес конференциите од забавите и се чувствуваат како да сте едно друштво, а не како да сте се запознале (официјално) пред неколку секунди.

Тие се опремени со сите евровизиски знаци, а фан од Шпанија и од Колумбија дури дошле со подготвени испринтани значли на нивниот долна облека . Знаците на Евровизија, како и логото се застапени само на местата каде се движат евровизиските луѓе, а не низ цел Тел Авив, тоа се обично оние места каде имаат привилегии, за бесплатен ручек, најубав сладолед, бесплатна тура за најубавите историски места на Тел Авив и историската Јаџа/ Џафа, но, сето тоа е толку добро осмислено, за да ги привлечат како туристи повторно.

На маичките на волонтерите, кои ги има од сите земји, дури и од Русија и не го знаат англискиот јазик, се испринтани ликовите на нивните евровизиски победнички Нета или Дана Интернешнал, исто и на  некои постари евровизиски легенди од Израел.

Ликот на Нета е и на бесплатните шишенца со вода кои новинарите ги добиваат во прес центарот, каде исто така еден ден имаат бесплатен овошен сок, а другиот бесплатно кафе.  Немаат свое фахче како изминатите години во кое им беа оставани промоматеријали и цедиња, затоа што годинава ни делегациите не носат многу пропаганден материјал- велат дека песните ги има на интернет, кој сака нека си ги купи. Цедињата се малку андмината форма.

Она што е нејинтересно за нас, новинарите и фановите цврсто веруваат дека Тамара со песната Проуд ќе влезе во финалето, и ќе биде во втората половината на пет пласирани песни. Таа утре во 18.15 ќе се појави во прес центарот, има свои 15 минути да ги поздрави фановите,и да поразговара со новинарите, а потоа почнуваат пробите, затоа што во четврток во 21 таа настапува во втората полуфинална вечер.

Вечерва во 21 часот почнува Евровизијата, со првата полуфинална вечер. Жителите на милионскиот Тел Авив, ако сретнете некој рандом жител, не се многу запознати со Евровизија, но добро знаат дека Мадона ќе настапи во финалето во сабота, за сума од милион и 300.000 евра, а не за 2.000.000 како што побарала претходно, а сето тоа е платено од израелски милионер.

Нејзиниот настап ќе трае седум минути, на 18 мај, во Експо салата во Тел Авив, како главно ревијално шоу на Евровизија 2019. Инаку, тука се пристигнати и поранешни победнички, како швеѓанката Шарлота која пред точно 20 години во 1999 година победи во Ираел, секако и Карола од Шведска која ќе има свој настап. Најдоброто, штотуку почнува…