дома Технологија Епл забрани апликации за Ајфон кои делат информации за локација без корисничка...

Епл забрани апликации за Ајфон кои делат информации за локација без корисничка дозвола

40

Епл вети дека ќе посвети поголемо внимание на сигурноста и безбедноста на софтверот, но исто така и на приватноста на корисниците, и се чини дека компанијата веќе почна да работи на тоа. Компанијата, наводно, веќе започнала да ги забранува апликациите во „App Store“ кои споделуваат кориснички податоци со трети лица без нивна согласност.
Иако Епл јавно не најави дека ќе забрани апликации кои праќаат податоци за локацијата на корисниците на други компании, најмалку еден извештај покажува дека програмерите се известени преку е-маил дека нивните апликации го прекршиле правилото во делот 5.1.1 “Собирање на податоци и складирање” и 5.1. 2 “Користење и споделување на податоци” во Водичот за апликации на Епл.
Во деловите 5.1.1 и 5.1.2 јасно вели дека е забрането “апликацијата да пренесува информации за локацијата на трети лица без изречна согласност на корисникот и за несоодветна цел”.
Во овој момент не е познато на колку апликации влијае тоа што компанијата почна да проверува дали ја нарушуваат приватноста на корисниците, и како и обично, кога станува збор за Епл, малку е веројатно дека ќе дознаеме колку апликации се повлечени од продавницата.
Епл, исто така, има упатства за програмерите како да ги ажурираат своите апликации и повторно да ги објават во „App Store“.
Епл бара од програмерите јасно да објаснат како ги користат собраните податоци и да побараат дозвола од корисникот ако споделуваат какви било информации со трето лице.
„Не смеете да користите или пренесувате нечии лични податоци, а претходно да не сте добиле дозвола и да сте обезбедиле пристап до информации за тоа како и каде ќе се користат податоците. Поатоците собрани од апликациите не може да се користат или делат со трети лица за цели кои не се поврзани со подобрување на корисничкото искуство или перформансите на софтверот или хардверот поврзани со функционалноста на апликацијата. “