Европската комисија соопшти дека тестовите за КОВИД 19 и „пасоши за корона“ не се сигурен начин да се докаже отсуство на инфекција со вирусот КОВИД-19 и дека затоа тие не се дел од препораките на Брисел за враќање на слободата на движење и прекугранично патување. Кога станува збор за тестовите што се прават на аеродромите или граничните премини, како што од неодамна почна да право Австрија, или кои најаваува дека ќе се бараат непосредно пред патувањето, потпретседателката на Европската комисија Маргарет Вестагер вели дека нема научни докази за нивната сигурност.

– Здравствените експерти велат дека нема докази што можат безбедно да потврдат дали луѓето се заразени или не, или дали можеби се заразиле по тестирањето. Затоа тестовите не се дел од нашите препораки – вели Вестагер.

Европската комисија проценува дека нема доказите со кои би се потврдил имунитетот на коронавирусот. Таа додава дека не е доволно истражено колку присуството на антитела на вирусот корона штити некого од повторна инфекција.

– Светската здравствена организација и Европскиот центар за превенција и контрола на болести не препорачуваат документи за имунитет на КОВИД-19 – објаснуваат во Комисијата.

Забележано е дека воведувањето на вакви документи може да ги поттикне луѓето намерно да се заразат со КОВИД за да можат подоцна да патуваат.

Наместо тестови и „здравствени на пасошите“, ЕК потенцира дека е важно да се спроведат мерки за контрола на епидемиолошката состојба, состојбата на здравствените системи, да се зголемат капацитетите за тестирање и следење и што е најважно, граѓаните да се придржуваат кон мерките за физичка дистанца и хигиена.

Н.Доковска